Трамп вели дека царините се „лек“, берзите во слободен пад

Американскиот претседател Доналд Трамп рече „понекогаш мора да се земе лек“ одговарајќи на прашањето на новинарите како ги коментира турбуленциите на светските пазари на капитал, пренесува Ројтерс.



Трамп посочи дека не е загрижен за загубите на берзата, кои веќе избришаа речиси шест илјади милијарди долари од вредноста на американските акции.

Може да се очекува уште една недела на големи загуби.

„Не сакам ништо да пропадне, но понекогаш треба да пиете лекови за да поправите нешто. Другите земји нè третираа лошо бидејќи имавме глупаво раководство што дозволи тоа да се случи“, рече Трамп.

Трамп рече дека лидерите од Европа и Азија се надеваат дека ќе го убедат да ги намали тарифите на 50 отсто, кои треба да стапат на сила оваа недела.

„Доаѓаат на преговарачка маса. Сакаат да разговараат, но нема разговор доколку не ни плаќаат многу пари секоја година“, рече Трамп.

Повеќе од 50 земји се обратија до Белата куќа за отворање трговски преговори.

Американскиот министер за финансии Скот Бесант исто така ги коментираше царините, минимизирајќи го падот на берзата и велејќи дека „нема причина“ да се очекува рецесија.

Инвеститорите стравуваат дека трговската војна на Трамп ќе го доведе светот во рецесија.