Американскиот претседател изјави дека не е сигурен дали државниот секретар Рекс Тилерсон ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат во Белата куќа.
Во интервју за „Фокс њуз“, Доналд Трамп го нападна Стејт департментот предводен од Тилерсон и рече дека само тој како претседател може да ја води американската надворешна политика.
„Оној кој е важен сум јас“, рече Трамп. Запрашан дали планира да го задржи Тилсон на функцијата до крајот на неговиот мандат, Трамп рече: „Ќе видиме, не знам“.
Ен-Би-Си њуз објави дека американскиот државен секретар го нарекол Трамп „дебил“ по еден состанок на Пентагон и, се заканил дека ќе поднесе оставка поради непремостиливи разлики со претседателот.
Трамп заедно со Тилерсон од вчера се на долга азиска турнеја, во рамките на која ќе се сретне, по втор пат, со рускиот претседател Владимир Путин и тоа во Виетнам.





