Американскиот претседател повторно ги повика Русија и Украина да се согласат на 30-дневно безусловно примирје и рече дека ќе воведе санкции доколку не се почитува.
„Соединетите Американски Држави бараат, во идеален случај, 30-дневен безусловен прекин на огнот.
Доколку прекинот на огнот не се почитува, Соединетите Американски Држави и нивните партнери ќе воведат дополнителни санкции. Илјадници млади војници умираат секоја недела и сите треба да сакаат ова да престане. Јас го сакам ова и Соединетите Американски Држави го сакаат истото“, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social кратко по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Јас, заедно со Европејците, ќе се стремиме да воспоставиме мир меѓу Русија и Украина, и тоа ќе биде траен мир! Овој прекин на огнот на крајот треба да доведе до мировен договор.
Сето ова може да се направи многу брзо, а јас ќе бидам подготвен во секој момент доколку моите услуги бидат потребни“, додаде Трамп.






