Американскиот претседател побара смртна казна за узбекистанскиот имигрант обвинет дека возел камион по велосипедска патека во Њујорк, при што уби осум лица.
Сајпило Саипов(29), кој беше хоспитализиран откако беше застрелан од полициски службеник и уапсен, им изјави на инспекторите дека бил инспириран од гледање видеа на Исламската држава. Нападот во вторникот тој го планирал цела една година, стои во кривичната пријава поднесена против него во средата.
“Терористот од Њујорк бил среќен и побарал да обесат знаме на ИСИС во неговата болничка соба. Тој уби 8 лица, тешко повреди 12. ТРЕБА ДА ДОБИЕ СМРТНА КАЗНА! ” напиша Трамп во средата вечерта.
Лондонски „Гардијан“ потсети дека напади со возила, слични на последниот во Њујорк се случија во Шпанија во август и во Франција и Германија минатата година, при што загинаа десетици лица.





