Поранешниот американски претседател и актуелен републикански кандидат Доналд Трамп го тужи CBS News и бара отштета од 10 милијарди долари, пишува Fox News.
Обвинението е поради наводен намерен обид за мешање во изборите со интервјуто со потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кое, наводно било, преуредено.
Адвокатите на Трамп наведоа во жалбата дека имало „пристрасни и незаконски дејствија од страна на CBS NEWS за мешање во изборите преку искривување на вестите со цел да се збуни и заведе јавноста“.
„Претседателот Трамп ја покренува оваа постапка за да ја поправи огромната штета нанесена нему, на неговата кампања и на десетици милиони граѓани во Тексас и низ Америка од лажните преноси на CBS“, се вели во тужбата.
Адвокатите на Трамп, во писма до CBS News, побараа објавување на целосниот текст од интервјуто на Харис, откако беа емитувани два различни одговори на истото прашање.
CBS News одби да го објави целосниот транскрипт, цитирајќи го Првиот амандман (за слобода на говорот) и го отфрли тврдењето дека го „фалсификувале“ интервјуто на Харис за да го заведе американскиот народ.






