Доналд Трамп поднел тужба вредна повеќе милијарди долари против американски медиуми, обвинувајќи ги за „пристрасност“ и „политичко малтретирање“, пишува британски „Гардијан“. Обвинети се New York Times, Penguin Random House, The Daily Beast и CBS News, јавува британски „Гардијан“
Columbia Journalism Review (CPJ) откри дека само неколку дена пред претседателските избори, адвокатот на Трамп, Едвард Ендрју Палчик, испратил писмо до New York Times, Penguin Random House,во кое бара отштета од 10 милијарди долари за написите кои ги критикуваат Трамп, нарекувајќи ги „лажни и клеветнички изјави“. Во него, јасно е дека Трамп смета дека NYT е „апсолутен гласноговорник на Демократската партија“ кој шири „клевети во индустриски размери против политичките противници“.
Во писмото се цитираат два конкретни написи на Рас Бутнер и Сузан Крег поврзани со нивната последна книга „Среќниот губитник: Како Доналд Трамп го потроши богатството на својот татко и создаде илузија за успех“.
Наведен е и напис од 20 октомври на Питер Бејкер со наслов „За Трамп, цел живот скандали доведоа до Судниот ден“ и напис од 22 октомври на Мајкл Шмит со наслов „Како што се приближуваат изборите, Кели предупредува Трамп ќе владее како диктатор“.
NYT е обвинет за „намера да говознемири и омаловажи светски познатиот бренд Трамп … и за лажно и злонамерно клеветење и омаловажување на Трамп како кандидат за највисоката функција во САД“.
CBS News беше обвинет од Трамп за „мешање во изборите“ со уредување на нивното интервју со Камала Харис од 7 октомври. CBS News ја нарече тужбата „целосно неоснована“ и негираше дека интервјуто е уредено.
Комитетот за заштита на новинарите ги нарече тврдењата на Трамп против печатот „јасна и директна закана за слободата на медиумите“.
„Непријателската медиумска клима поттикната за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп – кој се очекува да продолжи и во неговиот претстоен втор мандат – претставува голем ризик за медиумите дома и во странство“, оценил Комитетот
Репортери без граници, исто така, објавија слична изјава по победата на Трамп:
„Нападот врз печатот е навистина напад врз правото на американските граѓани да знаат. Новата администрација на Трамп може и мора да го промени својот став кон медиумите и да преземе конкретни чекори да ги заштитиме новинарите и да создадеме поволна клима за стабилни и плуралистички медиуми за вести“.






