„ Русија ќе биде таму со нашите луѓе. Патем, поканета е и Украина. Не сум сигурен кој ќе биде таму од која било земја, туку луѓе на високо ниво од Русија, Украина и САД“, најави вчера американскиот претседател Доналд Трамп за новинарите.
На прашањето за дополнителни детали, Белата куќа одби да коментира.
Светските политички и воени лидери се собираат во Германија на Минхенската безбедносна конференција.
Украина не очекува разговори со руската страна денеска во Минхен и смета дека на САД, Европа и Украина им е потребен заеднички став пред разговорите со Москва, изјави советникот за комуникации на претседателот Володимир Зеленски. „Во Минхен не се очекуваат разговори со Русите“, изјави украинскиот советник за комуникации Дмитро Литвин.
Руската амбасада во Вашингтон и мисијата во Обединетите нации во Њујорк не одговорија веднаш на барањата за коментар на забелешките на Трамп.
Трамп вчера рече: „Утре има состанок во Минхен, а потоа следната недела, средба во Саудиска Арабија, не со мене или со претседателот Путин, туку со највисоките функционери. И Украина исто така ќе биде дел од тоа“.






