Трамп: Ако победи Камала Харис, Америка ќе влезе во светска војна

„Да стане Камала Харис претседател значи дека ќе се коцка со животите на милиони луѓе. Харис дефинитивно ќе не одведе во Трета светска војна бидејќи е премногу неспособна за да ја врши својата работа правилно“, изјави нејзиниот противкандидат за американски претседател, Доналд Трамп, јавија медиуми.



Во митинг во сојузната држава Пенсилванија. Трамп оцени дека  Харис е недоволно способна да се справува со лидери како што се рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг.

Посочувајќи дека светот никогаш не бил толку блиску до глобална војна, Трамп вети дека оваа војна нема да се случи доколку тој повторно стане претседател на САД.