Трамп: „Ако победам, тоа ќе ми бидат последни избори“

Во тричасовниот разговор со Џо Роган, водител на еден од најпопуларните подкасти во светот, со 17 милиони претплатници на Јутјуб, републиканскиот кандидат за уште еден мандат во Белата куќа, Доналд Трамп, го изнесе својот став за евентуален друг мандат.



Тој рече дека ако победи, тоа ќе бидат „последните избори“ на кои ќе се натпреварува, но беше нејасен за можноста да се кандидира повторно ако загуби.

„Ако победам, тоа ќе бидат мои последни избори“, рече Трамп, нагласувајќи ја потребата од „фер избори“ како клучна порака.