Екс-претседателот и кандидат за уште еден мандат во Белата Куќа во (врашното) интервјут со милијардерот Илон Маск, рече дека ако изгуби на изборите во ноември, би можеле (тие двајјца) да се сретнат во Венецуела.



„Ако изборите поминат лошо, што би било вистински хорор, тогаш следниот пат ќе те видам во Венецуела бидејќи тоа ќе биде многу побезбедна земја за средба од САД. Така што во тој случај јас и ти си заминуваме… Ќе се сретнеме и ќе вечераме во Венецуела“, му рекол Трамп на Маск.

Трамп додаде дека Венецуела ослободува насилни криминалци и ги испраќа во Соединетите држави како илегални имигранти, а со тоа ја намалува сопствената стапка на криминал.

„Нивната стапка на криминал се намалува додека нашиот вртоглаво расте. Толку е едноставно. Сè уште ништо не сте виделе бидејќи овие луѓе дојдоа во нашата земја и само се навикнуваат на тоа. Но, Венецуела не се ослободи од сите нив, се ослободи од околу 70 проценти од тешките криминалци“, рече Трамп, како што пренесува Newsweek.

Роберто Бричемо-Леон, основач и директор на Венецуелската опсерваторија за насилство (ОВВ), изјави за factcheck.org дека нема докази дека Венецуела испраќа криминалци во САД. „Нема докази дека владата на Венецуела ги празни затворите или институциите за ментално болните со цел да се ослободи од затворениците или пациентите, односно да ги испрати во САД или во некоја друга земја“, рече тој.

„Нивото на криминал падна поради масовната миграција, за време на која речиси 8 милиони луѓе се иселиле од 2014 година поради лошите економски услови“, додаде тој.