Трамвај влетал во „ќебапчилница“ во – Шведска

Трамвај излета од шините и удрил во улична продавница за храна во центарот на Гетеборг, Шведска, доцна во четвртокот, соопшти шведската полиција.



Трамвајот на раскрсница вртел со голема брзина, поради што излетал од шините , поминал одредено растојание по асфалтот и удрил во тезга со улична храна и во соседна пицерија.

Според полицијата осум лица се повредени во инцидентот, но нерма извештаи за сериозни повреди или за состојбата на возачот.