Да се искаже став е демократско право, гарантирано со Устав.
Сепак, кога ќе се стропа нешто, не е лошо да се аргументира, особено доаѓајќи од шефот на една солидно голема партија како СДСМ.
Океј, опортуно било да каже дека „приказната за дестабилизација е веројатно договорена меѓу ВМРО и ДУИ“. Но, добро е да објасни – како и зошто?
Зошто на ВМРО, кое вети и оствари дека ДУИ ќе оди во опозиција, би му одговарало ДУИ да се јакне преку националистичкиот наратив? За да го врати во власта? Што ќе му е? Што ќе добие ВМРО ако ДУИ е во власта? Ништо. Напротив, ќе изгуби. Па, зошто би го враќало ДУИ во живот? Од садомазохистички причини? Докторе!
Или пак, ВМРО можеби многу сака да си ја дестабилизира владата, имајќи предвид дека ВЛЕН ќе се обидува да „парира“ на националистичкиот дух на ДУИ, мислејќи дека така ќе го задоволи така гласачкото тело, па би правеле политички глупости и вратоломии со кои ќе одговори на реториката на ДУИ. Па затоа ВМРО и ДУИ договарале, според Венко, „приказни за дестабилизација“. Мислам… докторе!
Не е бре ова власт на ВМРО и ДУИ па ќе фураме приказни дека договориле дестабилизација, за да јакнат кај своите гласачи, правејќи договорени „трзалици“. ВМРО е во коалиција со ВЛЕН, кои се причината поради која ДУИ е во опозиција и кои се уште не може да го најдат најдобриот модус како да излезат од поривот да се ‘рваат со ДУИ-стичките потези и наративи секојдневно.
Нема никаква, ама НИКАКВА логика, причина, основ и контекст ВМРО и ДУИ заеднички да делуваат во вакво сценарио. Никаква. Ама не, ќе се појават во интервју големиве стратези и ќе стропаат теза „од на времето“ кога беа опозиција пред 10-тина години. Без мислење, без логика, без оправданост.
Веројатно од човек кој делува дека идолизира ликови ко муртинскиот пиперкар и брат му, и оваа политичка „анализа“ е премногу. Ама сепак, кажана е. Стропана и пуштена да се тркала, без никаков резон. Онака, реда-ради. Купи-ден-помини.
Трагикомедија.
Статус на Богдан Илиевски






