Тепаната бремена жена нема да го тужи сопругот, снимката била ланска

Жената која е жртва на насилство прикажано во видео објавено на Тик-ток, во кое се гледа како маж од Радовиш физички ја напаѓа, одбива да поднесе кривична пријава против насилникот.



Таа во разговор со полицијата изјавила дека видеото, кое според неа датира од јули 2024 година, било објавено без нејзина согласност од нејзината мајка, со цел, како што тврди, да ѝ го уништи бракот.

МВР информира дека случајот бил пријавен на 23 март 2025 година (недела) во 08:25 часот од страна на мајката на жртвата.

По пријавата, СВР Струмица веднаш презела мерки, а лицето А.А. (35) од Радовиш истиот ден во 09:20 часот бил лишен од слобода и задржан во полициската станица Радовиш.

На 25 март 2025 година, од страна на ОВР Радовиш до обвинителството е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Како што информираат од МВР, се преземаат понатамошни дејствија за целосно расчистување на случајот.

Уапсен насилникот кој „во живо“ пред камера тепа бремена жена