Камерите поставени на клучните крстосници во Скопје Град Скопје регистрирале 2.000 возачи кои возеле со брзина над дозволеното, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.



Камерите засега работат само во тест период.

Тој информираше дека е формирана работна група која со Министерството за правда ќе анализира кои законски измени ќе треба да бидат направени пред целиот проект да биде ставен целосно во функција.

Ваквиот начин на следење и казнување на прекршоци во сообраќајот, според него, во пракса се очекува да почне да се применува до крајот на следната година.

На новинарско прашање дали и во иднина ќе има јавувања, ургенции за укинување на прекршоци кои ќе произлезат од безбедносните камери, Тошковски рече:

„Една од примарна причини за поставувањето на камерите е безбедноста. Бројките на жртви се алармантни. Затоа ги поставуваме камерите, за да спасиме животи. И пред се жртвите се млади луѓе.

А, друга причина е дека никому повеќе не може да се јавите за да ви скине казна. Нема кому да е јавите.

Компјутер е тоа, треба да се јавите на компјутерот. Нема кому да се јавите“, рече Тошковски.

Министерот рече дека „констатирани се за 24 часа 2.000 сообраќајни прекршоци од 20 % од камерите. Ако пуштиме 100% камери претпоставката е дека за 24 часа ќе имаме 20 илјади прекршоци.

Се надевам дека заклучно со 2025 година ќе можам да им презентирам на граѓаните систем којшто функционира барем во Тетово, Скопје и Куманово“,  рече министерот.