Народот ќе види како безмилосно ги краделе неговите пари, а македонската полиција во моментов обработува повеќе предмети за криминали со милионски износи, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во интервју за весникот ВЕЧЕР.
Како што вели, некои од тие предмети ѝ се веќе познати на јавноста, но се водат и други процеси за случаи кои никогаш не биле обелоденети.
Тошковски потенцира дека станува збор за случаи со износи кои надминуваат шест нули во странска валута, нанесувајќи штета на буџетот и на парите на граѓаните на Македонија.
„За жал, природата на тие предмети е таква и бара повеќе време за реализација и видливи резултати. На пример, во еден таков предмет имаме запленето буквално два камиона документација која се проверува ливче по ливче, со цел квалитетно завршување на предметите, обезбедување докази и крајна реализација на делата на тие големи криминалци“, вели министерот.
Тошковски во интервјуто зборува и за безбедносната состојба во земјава, за фалсификуваните сертификати по англиски јазик, за интернет-криминалот, како и за проектот „Safe City“ и криумчарењето на мигранти.
Интервјуто на министерот на ЛИНКОТ






