Полицијата ќе стори се во рамките на надлежности, со цел екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски да биде изведен пред лицето на правдата, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој денеска денеска информираше дека Ковачевски не е достапен за домашните органи на прогон.
„Вчера имаше многу шпекулации во однос на вашето прашање и каде се наоѓа или дали се откажал од македонското државјанство.
Посоченото лице е во рамки на регистарот на државјани на Македонија и е македонски државјанин. Не побарало отпуст, согласно информациите кои што ги имам. Не би сакал да шпекулирам околу неговата моментална локација, рече Тошковски во изјава за медиумите.
Тој упати благодарност до останатите полицајци од МВР за спроведената акција која придонесе до приведување на 23 лица поради сомнеж за сторен криминал од 6,5 милиони евра во ЕСМ, РЕК „Битола“, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино.






