Министерот за внатрешни работи прогнозира дека дека пасошите ќе се обноват до Нова година доколку сè биде во ред со машините и со испораката на обрасците.



Кој и зошто нарачал само 22.000 наместо 400.000 обрасци за пасоши

„До Нова година ќе може да се стигне. Имаме отприлика околу 10 месеци, но само ако се зголеми капацитетот, барем минимално, и ако ги имаме обрасците – ќе може да ги обновиме оние 650.000 пасоши со старото име“, вели министерот Панче Тошковски во утринската програма на ТВ Сител.

Според него, во оптимални услови дневно може да се изработат само по 3.000 нови пасоши, така што целиот процес на замена на пасошите ќе може да се заврши до Нова година. 

„Имаме две машини со дневен капацитет., кој се надевам дека ќе го оптимизираме, за околу 3.000 пасоши дневно. Но, најважно е да не го изгубиме континуитетот, динамиката во испораката на обрасците. Ако има печатење на пасоши од тип Б со други јазици, ќе биде под 2.800, така е побавно“, рече Тошковски.