Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека во истрагата за Кочани се гонат и луѓе од МВР.
Запрашан кои се осомничените за трагедијата во дискотеката на смртта и дали меѓу нив има и припадници на МВР, Тошковски рече дека меѓу тие што се предмет на прогон од институциите има и луѓе од МВР.
Тој додаде дека луѓето од МВР кои се под истрага се луѓе кои биле на позиции и во претходната и во актуелната владејачка гарнитура.
Министерот не сакаше да зборува дали некој од припадниците на МВР кои се опфатени со истрагата се во притвор затоа што тоа е дел од работата на правосудните органи.
Тошковски најави дека во текот на денот ќе има уште приведени лица.
Единаесет луѓе досега добија притвор.
Целата прес конференција на Тошковски
https://www.facebook.com/share/v/19qH7EecWk/?mibextid=oFDknk






