„МВР има оперативни информации каде е поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се бара со потерница и за кого се тврдеше дека е избеган во Албанија.“ – изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. Тој вели дека е стапено во контакт со надлежните служби на земјата. Во однос на истрагата за пронаоѓање на Груби Тошковски неодамна истакна дека МВР ќе преземе и други мерки за пронаоѓање на лицата кои се недостапни за органите на прогонот.
Телевизијата ја цитира изјавата, која ја даде министерот Тошковски во овој контекст: „Тоа се информации на оперативно рамниште, кои ги добиваме и соодветно ги споделуваме со сите надлежни органи во рамки на други држави, за кои што, да речеме, имаме оперативни информации дека предметните лица се наоѓаат таму, каде што сме ги добиле информациите. Но се уште нема официјална информација дека одредено лице е таму и таму, ниту дека тоа лице е достапно на органите на прогон во таа и таа држава.“ – изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.





