Тошковски: Манипулација е ВМРО-ДПМНЕ да се поврзува со некакво „руско сценарио“

Техничкиот министер за внатрешни Панче Тошковски вели дека тотално е несериозно и е крајно политиканство како и политичка злоупотреба ВМРО ДПМНЕ да биде обвинувана во насока на терминилогијата која се користат Али Ахмети и ДУИ во изјавите дека во земјава се подготвува „руско сценарио“ по изборите…



„Знаеме дека ВМРО ДПМНЕ е првата партија која прецизно и јасно има дефинирано во својот статут каде се гледа себе си и каде ја гледа државата а тоа е се разбира како дел од европското семејство и дел од НАТО и никако поинаку.

За тоа мислам дека е обид за манипулација на граѓаните, било како да се поврзува ВМРО ДПМНЕ“, вели Тошковски во интервјуто за Радио слободна Европа..