Тошковски им вети правда на родителите на децата кои ги загубија животите во „Пулс“

Со средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски  заврши денешниот марш во Скопје на семејствата на настраданите во дискотеката „Пулс“.



Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази уверување дека правда за овој случај мора да има „ако сакаме да имаме нормална држава“ посочувајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент. Министерот, меѓу другото, посочи дека за случајот досега осомничен е и актуелен министер, актуелен директор на ДЗС и актуелен градоначалник, откако претходно семејствата на настраданите повикуваа на одговорност и неселективна правда.

Пред почетокот на средбата, Тошковски упати извинување кон семејствата на настраданите за тоа што досега не ги примил на средба, но, како што рече, со дел од родителите веќе има разговарано.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Freel%2F688615333656164%2F&show_text=true&width=268&t=0