Тошковски: Има обвинители, кои не работат во интерес на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека има обвинители, кои не работат во интерес на државата.



На самото место фативме судија на највисокиот суд во државава додека рекетира и зема пари од македонски граѓани, за да стори, или да не стори нешто. Притоа бил потпомогнат од член на Совет на јавни обвинители. Овие двајца повеќе не се дел од правосудниот систем. Најдобро од се е што овие луѓе нема повеќе да му штетат на македонскиот граѓанин.“ – посочи Тошковски.

Во однос на „нивните пипци“ кои, можеби останале низ секторот, Тошковски порача дека ќе ги видат и нив. Тој открива дали МВР има информации каде е Груби. Имаме оперативни информации за дел од тие лица, кои се опфатени со овие предистражни и истражни постапки. За сите оние, за кои што имаме соодветни оперативни информации, е стапено во контакт со надлежните служби на државите.“ – нагласи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Сепак, тој укажува дека моментно немаат официјална потврда од орган за тоа дали лицата се на нивна територија.