Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски го стори тоа што на екс министерот Оливер Спасовски не му текнало или не сакал да го направи за да стави крај на,,Пасошката криза”.
Тошковски денеска заминал на местото каде што германската компанија ги печати македонските пасоши со цел да обезбеди крај на кризата со патни исправи.
Зошто тоа не го сторил Спасовски претходно не е јасно.
,,Денеска во Атина се сретнав со г-дин Марк Џулиан Сиверт кој е претседател на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи.
На средбата разговаравме за можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците и беше заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет во испораката на обрасци за патни исправи за нареден период.
Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни”, објави Тошковски.





