Тошковски го посрами Спасовски во родниот град

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски го посрами екс министерот Оливер Спасовски во родниот град.



Откако Спасовски 8 години не успеал да постави електронски систем за вадење лични документи во Куманово денеска тоа го стори Тошковски кој е од Велес.

,,Денеска во просториите на Отсекот за управни работи – Куманово, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација го тестиравме системот “Земи бројче” кој има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи, а кој наскоро ќе биде целосно ставен во функција.

Продолжуваме и понатаму со изнаоѓање на конкретни решенија кои имаат за цел да ги олеснат постапките поврзани со процесот на издавање на лични документи”, објави Тошковски.

Спасовски засега нема коментар за тоа што Тошковски го прави во неговиот роден град и цела Македонија.

Најчитани вести

Груби фатен жив, како ДУИ ,,стана” популарна партија во Киншаса, Дака, Џакарта, Манила…. (ВИДЕО)