Тотална поделба на Мечкин Камен (видео)

Од видеото кое што се појави на социјалните мрежи на кое е фатен моментот кога покрај посетителите на прославата во Крушево за Илинден минува претседателот на Парламентот Талат Џафери со државната делегација се гледа до кое дереџе е дојдена Македонија односно колкави се поделбите во неа.



Додека една помала група аплаудира друга поголема свири и извикува погрдни зборови за  делегацијата која се движеше кон споменикот на Мечкин Камен.

Според коментарите на социјалните мрежи тие што аплаудирале биле членови на СДСМ од Кичево, Струмица и Куманово а тие што свиркале и пцуеле се членови на ВМРО – ДПМНЕ од Скопско.

На видеото објавено на Твитер нема повеќе од 300 луѓе кои што ја пречекаа државната делегација предводена од Талат Џафери.

https://twitter.com/Kokran2/status/892760170199166976