Македонската фудбалска репрезентација ја изненади Италија играјќи 1-1 во Торино во квалификациски меч од групата Г во тековниот циклус за СП во Русија во 2018 година. Александар Трајковски во 77 минута го поништи водството што Кјелини во 40 минута им го обезбеди на „азурите“, и дефинитивно го исфрли составот на Џан Пјеро Вентура од трка за првото место.
За жал и покрај извонредниот резултат, па и игра, и тоа не само вечерва, туку низ целата година, Македонија нема да се помести од претпоследното петто место бидејќи Израел славеше кај Лихтенштајн со 1-0. Дефинитивно првак во седмата група и патник за Русија е Шпанија која со 3-0 беше подбра од Албанија.
Македонија квалификациите ги завршува в понеделник со меч против Лихтенштајн во Струмица.
https://youtu.be/UKQ6YAlyUGI





