На повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 23, а максималната од 27 до 35. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 31 степени.
Утре и задутре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.






