Училиштата во Грција ќе останат затворени, јавните службеници ќе работат од дома, а испораките нема да се вршат во услови на мини-заклучување поради првиот голем топлотен бран ова лето, кој исто така ги стави властите на подготвеност за снабдување со електрична енергија, пишува Катимерини..



Националната метеоролошка служба објави дека се очекува да продолжат жешките температури од над 40 Целзиусови во внатрешноста на грчкото копно, главно во централните и јужните региони.

Топлотни бранови порано се случуваа во јули и август, но од 2007 година наваму, тие се јавуваат и во јуни и сега се повторуваат на секои две до три години.

Општините во повеќе делови на земјата, меѓу кои и во Атина, донесоа одлука училиштата и градинките денеска и утре да останат затворени.

Грција од вчера ја зафати топлотен бран со екстремно високи температури што до петок ќе достигнат до 43 степени Целзиусови, а надлежните министерства објавија мерки за заштита на граѓаните, меѓу кои можност за работа од дома за државните службеници, но и за вработените во приватниот сектор, доколку е изводливо.