Топалов: Москва не му дозволува на Белград да го пушти Скопје во ЕУ

Поранешниот бугарски пратеник и член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, Кирил Топалов, се надоврза на доминантниот став во неговата земја по изборите во Македонија дека западниот сосед не сака во Европската унија и затоа ги влошува односите со Грција и со Бугарија.



„Немам надеж дека работите во Северна Македонија ќе се подобрат во блиска иднина. Политичарите ја вртат јавноста против Бугарија. Ова прашање е многу комплицирано, нема јасен одговор, фактот што тие ѝ се спротивставија на Грција на овој начин ја потврдува и мојата теза дека не сакаат во Европската унија. Белград не ги пушта. А на Белград не му дозволува Москва да ја пушти Република Северна Македонија во Европската унија и тие нема да ја пуштат. Тие самите не се пуштаат, не сакаат да влезат“, изјави Топалов за телевизијата Бугарија он ер.