Лицитацијата со кандидати за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ по најавената оставка на Никола Груевски го испровоцира актерот Тони Михајловски да излезе со свој коментар на „Фејсбук“.
„Веројатно до понеделник свој кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе извадат и ‘шарените’, ‘Сојузот на борци и почитувачи на НОБ’, ЗНМ, Совет за радиодифузија, ДИК, останатите телевизиски викендички и, секако, Владата на БЈРМ во координација со ‘граџанс’вото’“, напиша Михајловски.





