Легендарниот македонски актер Тони Михајловски не може да поверува кој го кодошел кај екс министерката Бисера и кој му правел други зулуми.
,,Не можев да поверувам дека баш Ти ме пријави кај министерката Бисера заради актерското школо. Дека баш Ти ќе се почувствуваш загрозена од мојата работа.
Не можев да поверувам дека Ти ги кажуваше гадостите за мене и за Алек.
Не можев да поверувам дека Ти ги тераше децата да им се закануваат на други деца кои сакаат да се запишат кај мене.
Не можев да поверувам дека си кажала за жена ми дека канцерот го измислила за да добие внимание од јавноста.
Не можев или не сакав. Давав шанса да престанеш затоа што не се знаеме од вчера и многу имаме поминато и на сцената и надвор од неа.
Но ти не престануваш. Продолжуваш со гадостите и злобата.
Очигледно ме имаш прогласено за трн во окото твое. Не знам зошто”. Не знам.
Само да знаеш кармата не заборава адреса. Ниту јас”, пишува Михајловски без да открие за кого се работи.






