Тони Михајловски: Да не се разбудиме во некоја друга држава!

Треба ли некој да не повика додека пред очи не поништуваат, ја продаваат историјата и иднината, или ќе умреме чекајќи или ќе се разбудиме како некој друг народ во некоја друга држава, напиша актерот Тони Михајловски на својот Фејсбук профил.



Насловен како „Повик“ , веројатно за присуство на денешниот протест под мотото „За одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата“ Михајловски уште вели дека „кога настрада нашата најголема музичка ѕвезда, никој не повика да се излезе на плоштад и да се палат свеќи. А, сите излегоа. Почувствуваа дека треба. Не обедини, најверојатно, колективната тага, несреќа и загуба.

И сега мислам, напиша акерот, се додека не ја почувствува секој од нас потребата да излезе, да се спротивстави, да се одбрани, да покаже одважност и храброст, ништо нема да се случи.

Во продолжување го пренесуваме целиот пост на Михајловски објавен на Фејсбук:

„Местенка

Не ме заобиколува претчувството дека некој ги мести и прозива вмровците за нови обвиненија за тероризам, и бесконечни и безумни притвори. Како што веќе не наместија, да излеземе ѕверови желни за крв во очите на светот. Отворено сакаат да го поништат ВМРО-ДПМНЕ оти тогаш ќе им биде полесно во распарчувањето и распродавањето. Внимавајте Македонци, внимавајте,

“Оти има лажно сонце и рана пролет среде зима тешка,та така да ги измами на видело вљубениците во слободата, а потем на нишан да ги земе.

Ете од тоа нам ни страдаат поколенијата!!!”

И од пишување писма.

Писмо

Извинете ама сега, кога го донесовте на власт, можете да му пишувате какви сакате писма.  Умни, долги, ултимативни, разочарани, советодавни, смешно зајадливи.  Нема кој не му напиша писмо на “Кајмакамот”. Јас би ви препорачал да си напишете едно проштално писмо. Да се простите со Македонецот оти тој си заминал од вас. Парите се трошат, па и тие од Сорос, а писмото се кине. Ама белегот дека го донесовте на “тронот” со предавство, со пленуми, со “револуција” и во договор со злото, ќе ви остане за век и векови. Сега пишувате писма, тогаш бевте на улица. Сега молите, тогаш се заканувавте. Тогаш фарбавте сега замачкувавте. Го маскирате главниот обвинет?

Сега ви требаат вистински Македонци околу вас за да го покријат вашиот недостаток, и “тврдите” ви уши во последниве 4 години? И бадијала ги маскират вашите имиња зад имиња на грамадни Македонци. Не се покрива велепредавство. Штрчат неколку, вашите, со една смрдеа која се лепи наоколу, како боја од кондом.

За писмо во кое пред се ќе му се извините на народот за лагите и предавството, можеби би требало да размислите, пред сите други напливи за пишување.

Сега треба вистинска борба за Слобода. Македонска Револуција. Борба која треба да биде систем, а не инцидент. И не треба да е само на 27ми. Таа треба да продолжи и на 28, на 29ти. Секој ден. И таа борба нема да се води само на улица. И не е само овде кај нас. Треба да се прошири секаде каде што има Македонци. И не треба да заврши дури не се избориме за основните човечки права. Да бидеме свои, на своето. Слободни. Да станеме за да се ослободиме, и не само на еден ден.

Ете, несакајќи напишав ,скоро па, писмо. Се гледаме во борбата за Македонија. За некого таа ќе почне на 27, за некој не престанала. За некој е веќе завршена“ сподели на социјалните мрежи актерот Тони Михајловски.