Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев поднесе оставка, потврди тој за САКАМДАКАЖАМ.МК. Тој вели дека на 27 мај до Управниот Одбор на АЦВ ја поднел оставката, од лични причини.
Управниот Одбор на АЦВ на својата седница одржана на 30 мај, во согласност со законските прописи, ја констатираше поднесената оставка и донесе одлука за разрешување од функцијата директор на АЦВ, на мое барање. Со тоа, на 31 мај престана мојот работен однос во АЦВ. Во согласност со законските одредби, на работа се враќам во аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, каде што досега мируваше мојот работниот однос“, изјавил Тунтев.





