Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија.
Тој доаѓа на местото на Илхан Ќучук од Бугарија, кој речиси пет години беше известувач за Македонија.
Вајц, кој доаѓа од Европските зелени, бил и копретседавач на Европската зелена партија.
На неговиот профил на социјалната мрежа Икс, меѓу останатото, пишува дека се залага за проширување на ЕУ, со фокус на Западен Балкан.





