Колку Македонци ги оставиле коските за Бугарија, а не смеат да се чувствуваат како Македонци? Ако ние сме Бугари, кого би признавале и зошто би вметнувале Бугари во уставот? – праша професорката Катерина Тодороска во синоќешната „Само Вистина“ на Канал 5.
„Можеби ние преку еден систем како што е образованието ние не сме објасниле поубаво за Бугарите и тоа колку Бугари се бореле за Македонија.
Тоа не држи, она што го знам е дека овде Бугарите биле само окупатори. Ако не друго можете да појдете само до Ваташа.
Заедничка историја дека сме имале исто така не држи, а најмногу ми е жал за постоењето на онаа комисија.
Приказната ја знаеме и од Албанија, и знаеме дека мешањето на една во друга држава не е во ред.
Сите напливи и горчини што ги доживуваме од источниот сосед се поради постојано ни се сервираат некои работи,а ние постојано се жестиме, премногу внимание посветуваме, рече Катерина Тодороска во Само Вистина.






