Македонската пејачка Тијана Тодевска Дапчевиќ со една изјава стана омразена за огромен дел од Србите.
Таа денеска е предмет на говор на омраза од огромен број Срби на социјалните мрежи откако вчера на сцена на детски фестивал го најави вицепремиерот и српски министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
На сцената на детскиот фестивал Чаролија која Тијана го води цели 18 години таа Дачиќ го најави како ,,Чичко Ивица Дачиќ” по што доби свирежи во Сава центарот а денеска е најомразена личност меѓу противниците на Александар Вучиќ и неговата влада.
Меѓу приврзаниците на српската опозиција Тијана е претставена како дел од системот на Српската напредна партија на Александар Вучиќ.
Тијана Тодевска Дапчевиќ е сестра на Тамара Тодевска која во Македонија беше остро критикувана откако на јавен настап го прескокна делот со Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански од македонската национална химна.
Видеото од почетокот на маките на Тијана на овој линк
https://x.com/UltraSerbia/status/1871043135826260017?t=4MfyyGtPkXUoN_Q5h5_HQg&s=19
Најчитани статии
Македонија добива нов ски центар, авторот доби барање да остане доживотно на функција
Кандидатот предложен во време на ДУИ е близок со Црковниот одбор на македонската црква во Берлин
Дел од македонската дијаспора во Германија почна војна со амбасадорот Села






