Тинејџер фатен како обива шкафови на Онкологија

На Клиниката за онкологија во Скопје, осомничен 17 годишник за само неколку дена успеал да обие повеќе од 18 шкафови, кои ги користеле вработените при што украл пари и лични предмети.



Pрвиот случај кој се случил на 2 април, a вториот, многу посериозен инцидент, се случил на 8 април точно на полноќ, кога биле обиени дури 18 заклучени шкафови, а од нив биле украдени пари и други вредни предмети, соопшти МВР.

„На 08.04.2025 во 00.00 часот од Клиниката за онкологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода 17-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение дека насилно отворил 18 шкафови на персоналот кои претходно биле заклучени, при што одзел пари и други предмети. Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и бранител, а со потврда од него биле одземени предметите. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

Полицијата реагирала веднаш и на самото место привела 17-годишник од Скопје, за кој постои сомнение дека го извршил делото.

Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат, а биле пронајдени и одземени предметите за кои се сомнева дека се украдени.