Француските антитерористички власти привеле 16-годишен тинејџер кој најавил дека сака да умре како маченик на Олимписките игри во Париз летово, пренесува „ Yahoo News“.
„Тој беше уапсен откако јавно објави на социјалните мрежи дека има намера да направи појас со експлозив за да стане маченик“, изјави портпаролот на антитерористичките власти.
Во тек е истрага дали младиот човек имал вистинска намера да изврши терористички акт.
Поради заканите од напади на исламистичките милитанти, но и кон фликтите во Украина и Блискиот Исток ја поттикнаа Франција, која е домаќин на Олимписките игри ова лето, да ги подигне безбедносните мерки на највисоко ниво.





