18-годишниот Итамар Гринберг, помина речиси 200 дена во затвор затоа што одби да ја отслужи својата задолжителна воена служба поради војната во Газа.
Неговата одлука предизвика бурни реакции, од поддршка до смртни закани, а сега тој е во центарот на зголемените дебати за милитаризација на израелското општество, пренесува Си-Ен-Ен
Гринберг помина вкупно 197 дена во затвор во текот на минатата година за пет последователни казни.
Тој беше ослободен од затвор на почетокот на овој месец.
Гринберг беше приведен затоа што одбил да отслужи воена служба што е задолжителна за повеќето еврејски Израелци и одредени групи кои се постари од 18 години.
Гринберг вели дека неговото отфрлање било резултат на „долг процес на учење и морално справување со реалноста“.
„Колку повеќе учев, толку повеќе ми стануваше јасно дека не можам да носам униформа што симболизира убивање и репресија“, рече тој, додавајќи дека израелската војна во Газа – која започна откако милитантите на Хамас го нападнаа јужен Израел на 7 октомври 2023 година – дополнително ја зајакна неговата одлука да одбие да служи во армијата.
„Се случува геноцид“, рече Гринберг. „Не ни требаат посебни причини за да одбиеме“ изјавил тој.
Гринберг вели дека претпочита затвор откколку убивање деца, пренесе Си-Ен-Ен






