Седумнаесетгодишник попладнево доживеал струен удар додека бил качен на цистерна-вагон во скопска Кисела Вода.
Од МВР велат дека по инцидентот вагонот се запалил, а момчето кое било од Волково, било пренесено во Ургентниот центар.
Причините за несреќата не се познати сеуште.
„Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар“, потврдувија од МВР, пренесе ТВ21.
Слични инциденти со тинејџери качени на вагони имаше и во минатото, а дел завршија и со фатални последици, откако наводно на вагоните снимале ТикТок видеа.





