Многумина од нас тиквичките ги подготвуваат пржени, но тоа претпоставува доста масло и малку потешка храна. Како повкусна и поздрава варијанта, без многу зејтин или масло, ви предлагаме тиквички печени во рерна.
Состојки:
-3 тиквици (малку поголеми)
-2 лажици маслиново масло
-3 млад кромид
-босилек
-150 гр изрендано сирење (ајдемер)
-2 јајца
-100 мл павлака за готвење
-2 чешниња лук
-малку мускантно оревче
-сол, бибер
-по желба магдонос
-2 лажици пармезан

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 С.
Тиквиците измијте ги, исушете и сечете ги на тенки кругови. Посолете.
Изрендајте го младиот кромид, насечкајте го босилекот и изрендајте го сирењето. .
Ако тиквиците пуштиле вода, малку исцедете ги и потоа помешајте ги со кромидот, босилекот и сирењето.
Садот за печење премачкајте го со оние 2 лажици масло, па во него распоредете ги подготвените тиквици.
Изматете ги јајцата, ставете ја павлаката за готвење, ситно исецканиот лук, малку посолете и забиберите, па додадете малку од мускантното оревче. Прелијте преку тиквиците.
Печете во рерна 15. минути, а потоа ставете пармезан и допечете уште некои 5 минути за да добиете румена боја.





