Два часа денеска патниот правец Дебар-Маврово беше во прекин поради сообраќајната несреќа што се случи во непосредна близина на Манастирот Свети Јован Бигорски. Во неа, некаде околу 11 часот, учествувале едно патнички и едно товарно возило. Првото е уништено во голем дел, а еден од патниците дури по еден час бил изведен од возилото и упатен на скопските клиники. Второто, станува збор за камион, по сударот излетало од патот.







