Тешка несреќа утрово на скопската обиколница, автомобил се превртел неколку пати

Тешка несреќа се случила утрово на скопската обиколница откако автомобил се излизгал од патот и неколку пати се превртел. Несреќата се случила на мостот кај Орман кон Стајковци.



Според првичните информации, возачот е жена која итно е пренесена со Брза помош во градската болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што ќе се знаат повеќе детали.

Фото: ТВ 21