Техничкиот премиер Џафери бојкотиран во село каде ДУИ секогаш убедливо победувала

Жителите на селото Палчиште во општина Боговиње ја бојкотираа денешната посета на техничкиот премиер Талат Џафери, кој отишол да промовира пат, јавува Алсат.



Жителите се револтирани од неисполнувањето на нивното барање за вода за пиење. Единствени придружници на техничкиот премиер биле вработени во општинската администрација и дел од централната.

„Ние како село знаеме дека партијата што ја претставувате секогаш победувала во Палчишта, но секогаш сме покриени со нереална бариера една недела пред изборите и до денот на изборите. Денеска тоа го покажува отсуството на нашите соселани овде, кои ги нема, и овде сме само тројца. Причината зошто соселаните не се тука е проблемот со водата“, рече Вулнет Акики, претседател на месната заедница Палчиште.

Првиот човек на месната заедница го праша премиерот до кога овие жители ќе живеат без вода и до кога ќе бидат измамувани од власта со празни ветувања.

„Најсвеж случај беше дека вчера се удави емигрант и треба да го закопаме во неговото родно место, а немаме вода. Сите изјави и ветувања во медиумите за Палчишти се измами и ниту едно не е реализирано до крај. Сакаме да знаеме каде лежи проблемот и до кога ќе продолжиме без вода“, рече Вулнет Акики, претседател на локалната месна заедница Палчиште.

Иако првиот човек на месната заедница инсистираше да се добие рок до кога ќе се гради водоводот во ова село, Џафери не се огласи, туку побара време за да ги види документите.

„Ако ви кажам дека ќе одам од тука во канцеларија и ќе го решам овој проблем, ова е само изговор за бегство. Но, дефинитивно ќе се справам со овој проблем“, изјави Талат Џафери, технички премиер.

Жителите на Палчиште предупредија дека од 15 април, доколку не се најде решение за започнатиот проект за водоснабдување, повторно ќе излезат на протести, јавува Алсат М.