Тетовчанец, „газда“ на 4 компании, затаил милиони денари данок

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Б.Ф. од Тетово и четири компании под негово управување, поради сомневање за даночно затајување во износ од 16.085.644 денари или над 260.000 евра.



„Во текот на истрагата утврдивме сериозни неправилности во финансиското работење на пријавениот и компаниите под негово управување. Овие активности довеле до избегнување на обврските кон државниот буџет, што претставува кривично дело даночно затајување“, информираат од Управата за финансиска полиција.

Пријавениот е сопственик и управител на неколку компании, меѓу кои „БИБАЈ ГРОУП“ ДООЕЛ, „БИБАЈ“ ДООЕЛ, „Про Тире“ ДООЕЛ и „РАЕН“ ДООЕЛ, сите со седиште во Тетово, дознава Плусинфо.