Хрватска ќе набавува нови тенкови откако беше објавено дека ќе испорача дел од своите тенкови и борбени возила од источно производство на Украина.
Цената на новиот „Leopard 2A8“ ќе се намали за износот на финансиски средства што Хрватска ќе ги добие од Германија за испорака, соопшти Министерството за одбрана.
Хрватска има намера да набави 50 нови германски леопарди по цена од 25 милиони евра за еден тенк.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, смета дека цента е превисока.
„Доколку тенкот чини 25 милиони евра. Тој тенк единственото нешто што треба да го прави е да летаза да биде реална цена…, но таа е реална, а тие пари се реални, само прашање е од кого е и во која количина.
Не можеме да си дозволиме с’е што би сакале и никогаш нема да можеме во такви услови, но треба да бидеме, ќе речам, пресметливи во некои работи и себични и многу добро да размислуваме пред секоја одлука бидејќи тие се долгорочни“, искоментира хрватскиот претседател.






