Овој спорт се препорачува за одржување на кондицијата, силата и подготвеноста на телото. Ретко која спортска активност може истовремено и физички, ментално и емоционално да му користи на човекот. Многумина сметаат дека тенисот е спорт со кој можете да се занимавате во текот на целиот живот бидејќи рекреативно можат да играат и најмладите, но и возрасните. Освен што ќе се дружите на теренот, тенисот се препорачува и за одржување на кондицијата.
Дружењето со рекетот ја јакне вашата координација, флексибилност, моќноста на мускулите. Истражувањата кои се занимавале со здравствените предности на овој спорт откриле дека ниту еден спорт не е толку добар за физичкото, менталното и емоционалното здравје кај луѓето. Во текот на 20 години се следени околу 10.000 луѓе, и заклучено е дека со играњето тенис со умерен интензитет по трипати неделно за 50% се намалува ризикот од смрт. Тенисерите се полни со енергија, самодоверба и се големи оптимисти.

Белиот спорт позитивно влијае и на кардиоваскуларниот систем – помага во согорувањето на масти и го одржува нивото на енергија, му помага на срцето да пумпа крв. Ја зголемува силата на нозете и рацете, а тенисерите имаат појаки коски и мускули. Овој спорт ви ја поттикнува фокусираноста, да размислувате неколку чекори понапред, брзо да се приспособите на промените, да го оцените следниот чекор на противникот и сето ова позитивно да влијае врз секојдневниот живот.

Истовремено со тенисот можете да научите како спортски да го поднесете поразот, но и како да ја прославите победата. Со ударот на рекетот и топката за тенис вие едноставно ја исфрлате негативната енергија.





