Тензии на Косово, уапсен Албин Курти, лидерот на „Самоопределување“

На Косово му се заканува нова политичка криза по денешното апсење на лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти кој беше приведен пред косовското Собрание.



Заедно со него се уапсени и две пратенички од партијата Албуљена Хаџиу и Доника Кадај Бујупи.

Апсењето на членовите на Самоопределување која е трета политичка сила во земјата се случило по налог издаден од Основниот суд во Приштина.

Според косовските медиуми пред апсењето полицијата се обидела да го уапси Курти во неговиот дом а бил извршен претрес и во канцеларијата на партијата во Собранието на Косово.

Апсењето се случува на два дена откако Курти и тројца негови пратеници не се појавиле на суд кога имало рочиште за фрлање на солзавец во косовското собрание.

Курти и уште 6 високи функционери на Самоопределување имаат и албански пасош издадени од страна на албанскиот претседате Бујар Нишани.