Иницирана е постапка за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити од Основниот кривичен суд Скопје, кој му го определи, па му го замени ефективниот со домашен притвор на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани, по што тој побегна од државата, објави ТВ Телма.
Според извори на Телма, барање за поведување на постапката за нестручно и несовесно вршење на судиската функција на Пајазити поднел членот на Судскиот совет, Александар Камбовски, иако засега нема официјална потврда од Советот поради тајноста на постапката.
Судијата и член на Судскиот совет, Александар Камбовски, беше дел од комисијата што Советот неодамна ја формираше со цел испитување на одлуките на скопскиот кривичен суд во врска со притворот на Рамадани.






