ЈСП остана без прв човек откако му заврши мандатот на в.д. директорот Драги Кушовски, а веќе два дена градската власт нема назачено ново раководно лице, дознава Телма
Миќо Стојановски од Синдикатот во ЈСП за Телма излјави дека претпријатието повторно се соочува со недостиг на гориво поради што бројот на автобуси е редуциран и постои опасност да нема јавен сообраќај на први јануари.
„Во време на мандатот на Драги Кушовски во ЈСП кој почна на 26-ти јуни годинава, најголем проблем се случи со недостигот на нафтата и долговите на ЈСП. На почетокот на декември, ЈСП едноставно снема нафта, а главниот град остана без превоз. Се направи интервентна набавка на нафта за 2 милиони евра за наредните три месеци, а владата донесе одлука да прогласи енергетска криза за да даде гориво на ЈСП од државните резерви“, потсеува Телма.





